Продолжуваат протестите пред Собранието против уставните измени

0
43
Фото:МИА

Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени.  Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Тие вчера најавија дека доколку бидат усвоени измените, ќе преминат на порадикални мерки, како граѓанска непослушност.

Две лица се приведени за нарушување на јавниот ред и мир во тек на протестот за уставните измени што се одржа од денеска пред зградата на Собранието,  потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Македонското Собрание 75.седница на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот денеска ќе ја продолжи во 15:00 часот.

На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Извор:НоваТВ