Масовен помор на риби во Австралија, причина ниските температури

0

Во реката Дарлинг, во регионот на Нов Јужен Велс во Австралија, дошло до масовен помор на риби, а експертите веруваат дека причината е пад на температурата.

Стотици илјади парчиња риба биле пронајдени како плутаа или реката ги исфрлувала на своите брегови.

Локалните власти соопштија дека падот на температурата доведе до смрт на алги, што предизвикало гниење и намалување на нивото на кислород во водата.

Критичарите тврдат дека за ова се виновни државните и федералните власти.