Снежното невреме и лавините во Европа однесоа 15 жртви, критично во Австрија

0
81

Најмалку 15 лица загинаа во невремето во Европа во изминатите седум дена.

Повеќе од 40 места во провинцијата Салзбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот од Австрија и до нив не можат да се стигне, поради што тие се прогласени за кризни зони.

Како што објави австриската полиција, едно 16-годишно момче починало во лавина додека вчера скијало со своите родители во Алпите.

Повеќе од 1.200 војници се вклучени во спасувачката операција на граѓаните од отсечените и завеаните места , а во интервенцијата се користат и хеликоптери.

Што се однесува до лавините опасноста од снежни одрони никогаш не била толку висока, а во четири провинции е прогласено највисоко, петто ниво на опасност.
Исто така, постои и потрага по исчезнати лица во општината Лилиенфелд.

Австриските власти се обидуваат да не ја повторат драмата од пред 20 години кога лавина ја погоди општината Галтир и која усмрти 38 лица, а беа повредени 50 лица.
Голем снег паѓа во јужниот дел на Германија.