Опозицијата во Идлиб, Алепо и Хама во Сирија и антирежимските политички групи постигнаа договор за прекин на судирите, јавува Anadolu Agency (AA).

Договорот е постигнат меѓу Националниот фронт за ослободување, кој дејствува при Слободната сириска војска и групата Хајат Тахрир ал Шам.

Со договорот ќе биде воспоставено примирје низ Идлиб, а групите ќе ги остранат рововите и засолништата и ќе организираат размена на затворениците.

Движењето Нур ал Дин ал Зенки, кое дејствува при Националниот фронт за ослободување и групата Хајат Тахрир ал Шам започнаа да се судираат на 30 декември, а подоцна судирите се проширија на поголем дел на Идлиб и на периферијата на Хама.