Турција: Античките градови ги очекуваат своите посетители

0

Југоисточните градови на Турција, Дијарбакир и Мардин, кои биле домаќини на античките цивилизации, на своите посетители им нудат богато културно и историско искуство, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Дијарбакир, кој поседува историски убавини, се протегаат спектакуларни камени ѕидини долги 4,82 километри, кои најверојатно за прв пат биле издигнати во 2000 пр. н. е. и се сместени на Листата на УНЕСКО за светски наследства.

Посетителите можат да уживаат во појадок со домородните деликатеси во мистичната атмосфера на „Diyarbakir House“ и „Suluklu Inn“, а потоа да тргнат да го истражуваат градот, почнувајќи од медресата „Месудије“, која е еден од првите универзитети во Анадолија, придружена од музеј-куќата на турскиот мислител Зија Ѓокалп, Литературниот музеј на Ахмет Ариф, медресата „Зинџирије“ и куќите на Џемил-паша, гувернерот на Дијарбакир во 16 век Искендер-паша, и на поетот Сулејман Назиф.

Џамијата „Улу“ во Дијарбакир за којa се претпоставува дека е изграденa во 938 година се наоѓа во подрачјето на Сур. Џамијата „Улу“ како и џамијата „Хазрат Сулејман“ се едни од атракциите во градот кои посетителите мора да ги посетат.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ која е изградена на површина од 50.000 метри квадратни, датира од вториот век. Исто така вреди да се посетат и Артукидс Ин, како и подрачјето на Ичкале, каде што сјае архитектурата од периодот на Република Турција и од османслискиот период.

Историската куќа-музеј „Ататурк“, лоцирана на јужниот дел на градот е второто место кое паднува на ум кога некој ќе го спомене Дијарбекир. Пештерите „Бирклејн“, кои се наоѓаат во подрачјето Лиџе, каде што сè уште се видливи клинестите писма од Асирското Кралство, претставуваат историски чуда на Дијарбакир заедно со нивните сталактити и сталагмити.

Хиларските пештери и ридот Чајону, кои се едни од најстарите познати пештерски населби во Анадолија, покрај врз регионалната историја, фрлија светлина врз историјата на цивилизацијата.

Оние што ги истражуваат локалните кулинарски деликатеси во Дијарбакир можат да уживаат во јадењата како џигер-ќебап, „мефтуне“, „ичли ќофте“ (полнети ќофтиња) и сарма со месо или кисела зелка. Посетителите, исто така, можат да купат сувенири, како традиционални ракотворби и исклучиво дизајниран златен или сребрен накит.

– Мардин, градот на толеранција –

Градот Мардин со своите историски џамии, медреси, цркви, манастири и единствена архитектура, нуди незаборавен одмор за своите посетители.

Покрај својата историска текстура, Мардин се наоѓа меѓу најуникатните места за посетување во Турција, благодарение на хармонијата што владее во градот, која произлегува од позитивните врски помеѓу различните религии.

Гледањето на изгрејсонцето и зајдисонцето преку Мардинската тврдина во древниот град им овозможува на туристите уникатно и незаборавно искуство.

Вилите Ердоба или Џерџис Мурат, одбележани со уникатната камена архитектура на градот, се наоѓаат меѓу кулинарските дестинации кои треба да се посетат во Мардин. Некои од деликатесите што туристите можат да ги пробаат и да уживаат во нив се „сембусек“, „ичли ќофте“ (полнети ќофтиња), „кибе бумбар“, долма, чорба и ребра.

Освен тоа, посетителите на Мардин можат да се движат по шарениот и раздвижен пазар, каде што можат да купат егзотични зачини, слатки бадеми, филигран од сребро, рачно изработени предмети и локален органски сапун.

Манастирите „Дејрулзаферан“, „Мор Јакуп“ и црквата „Света Марија“ се наоѓаат меѓу некои од важните историски места за посета, особено за оние во културниот туризам. Манастирот „Мор Габриел“, кој се наоѓа на 23 километри од подрачјето Мидјат, е третиот најголем манастир на светот.

Урнатините на Дара, каде што се наоѓаат античките камени гробови што датираат од 5 век од н. е., се сметаат за „Ефес на Месопотамија“. Античкото место на Дара било едно од важните населби лоцирани на Патот на свилата.

Шефот на Здружението за туризам и хотели на Мардин, Озгур Азад Ѓунѓор, рече дека градот е подготвен да биде домаќин на локални и меѓународни туристи за среднорочен одмор, додавајќи дека Мардин секогаш уживал голем интерес кај туристите.

„Ние сме добро подготвени“, рече тој и додаде дека постои сериозна побарувачка, како и дека им претставува задоволство и очекуваат да ги угостат посетителите на Мардин.