КРИЗА ВО РЕАЛ: Полицијата од стадион исфрлила 250 навивачи на Реал бидејќи барале оставка од Перез

0
76

Шпанската полиција во средата исфрлила од стадионот Сантијаго Бернабеу околу 250 навивачи на Реал Мадрид, кои во текот на натпреварот од осминафиналето од шпанскиот Куп против Леганес (3:0) побарале оставка од претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Со ова продолжи конфликтот меѓу првиот човек на европскиот шампион со радикалната фан-група Ултрас Сур, која од 2014 година е забранета од стадионот Сантијаго Бернабеу поради безбедносни причини. Бидејќи Реал ги има имињата на сите носители на годишни и купени билети, членовите на фан групата Ultras Sur видливи се само на лошо посетените куп натпревари кога успеваат да купат билети кои се пуштаат во слободна продажба.

Долниот дел од јужната платформа, каде се собирале членовите на Ултрас Сура препуштена е, на малите здруженија на фанови познати во Шпанија под името “peñas”.

“Флоретино, оставка”, грмело во средата вечерта на левата страна од централниот штанд, каде што имаше околу 250 членови на Ултрас Сура, кои се обидувале да ја охрабрат публиката на стадионот на скандирање против претседателот. Ама, тоа не тргнало рака. Наместо тоа, “peñasi”, кои Ултрас Сур ги нарекува платеници на Перез, се свртиле кон “ултрасите”, и ги почестиле со погрдните зборови “кокошари”.

Неколку минути пред крајот на првото полувреме, околу 20 полицајци пристигнале до панелот каде што имаше околу 250 членови на групата “ултраси” и биле отстранети од стадионот, притоа “несаканите” навивачи не се спротивставиле.

Според проценката на полицијата во Мадрид, групата Ultras Sur има околу 600 членови, а пред три месеци полицијата објави дека успешно ја контролирала групата, иако забележан пораст на бројот на млади членови.