Чавушоглу: Одлуката за купувањето на рускиот ПВО систем С-400 е конечна !

0
49

Турција е подготвена да ја разгледа понудата на САД за набавката на ПВО и ПРО системот Патриот, но смета дека е неприфатливо тоа да биде условено со одбивањето на Турција од купувањето на рускиот ракетен систем С-400 “Триумф”, изјавил турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во четвртокот на програма на локалната телевизија НТВ.

“Турција може да го набави системот Патриот во иднина, ама тоа не го смета за можно доколку како услов се неметне откажувањето од рускиот С-400”, изјавил турскиот шеф на дипломатијата. Тој потврди дека официјалната позиција на Анкара за купување на руските системи е конечна и дека нема да има нејзино повторно разгледување.

Пред неколку дена турската државна агенција Анадолу објави дека американската делегација на Турција и доставила понуда за продажба на својот систем Патриот, кој, покрај 20-те лансери М903, 80 ракети пресретнувачи на МИМ-104Е и 60 проектили ПАК-3, вклучуваат и 4 радарски станици АН / MPQ-65 и друга опрема. Оваа понуда е резултат на одобрувањето на американскиот Стејт департмент од 19-ти декември, за продажба на системот Патриот на Турција во износ од 3,5 милијарди долари.

Извор:geopolitikanews