Порака на Заев до Грција: Соберете сила и донесете одлука – ние донесовме

0
60

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на грчки новинар, упати порака до Грција да го следи примерот на македонското Собрание.

– Ситуацијата во Солун во сите градови во Грција, така и во нашата Македонија е иста. Зборувам и за горчината на одлуката, но и за големината и за гордоста на нашата одлука. Сакам да испратам една порака до нашите пријатели во Грција: Нашиот Парламент собра сила и донесовме одлука, со огромна надеж за иднината. Верувам дека и грчкиот Парламент ќе собере сила и ќе донесе одлука. Но многу се поважни се граѓаните. Прво, ние добивме еден нов пријател. А и Грција добива еден нов пријател. Во вакви околности тоа отвора огромни перспективи. Имаме Договор за пријателство и за стратешка соработка. Грција повторно станува еден од највлијателните, ако не и највлијателен партнер или земја во целиот овој регион. Со овој Договор придонесува за траен мир и стабилност на овој регион, но и придонесува за економски просперитет на целиото вој регион, а сигурно и на Грција. Затоа, да се радуваме на овој Договор. Овој Договор носи пријателство и е вистински модел за изнаоѓање решенија на вакви чувствителни прашања, порача Заев.

Извор:НоваТВ