Салеп – напиток што нѐ стоплува во зимските месеци

0
93

Напитокот салеп со традиционелан вкус, кој ја зголемува температурата на телото, има пријатен мирис и лековити својства, и денес со задоволство се консумира, пишува Anadolu Agency (AA).

Растението салеп, кое успева во планинските и падинските подрачја, на 1.000 до 1.500 метри надморска височина, и претставува еден вид ендемски примерок на кртола (задебелен корен во кој се складираат хранливи материи) на анадолска орхидеја, го собираат добри познавачи на растенијата. Салепот е во форма на клас со темносина или црвена боја. Една кртола се остава за хранење на растението, додека останатите кртоли се варат во вода или млеко, и по сушењето се продаваат како салеп.

Салепот подготвен од кртолите на ова растение не може да се одгледува од страна на луѓето. Со својот пријатен мирис и арома, тој е посакуван напиток во студените зимски денови, бидејќи ја зголемува температурата на телото. На салепот се гледа и како лек кој е добар против кашлица и отворање бронхии.

Млечниот ресторан „Зејнел“ веќе 93 години на своите потрошувачи во зимскиот период им нуди топли напитоци од салеп, а во летниот период сладолед во кој се употребува салепот како база, со цел да го одржи традиционалниот вкус.

Во овој млечен ресторан, во летниот период салепот се употребува во сладоледите што се со вкусови на база на чоколадо, карамела, ф’стак, орев и со вкус на гума за џвакање, додека во студените зимски денови се сервира како топол напиток со цимет.

– Се продава 93 години

Млечниот ресторан „Зејнел“ е основан 1925 година од страна на Зејнел Бољукбаши, дедото на Бариш Бољукбаши кој е трета генерација што го води млечниот ресторан. Бариш за АА изјави дека ја продолжува традицијата на одржување на вкусот што неговиот дедо го вовел со отворањето на млечниот ресторан.

Бариш истакна дека во млечниот ресторан салеп се пие веќе 93 години, поточно, во своите производи ја користат базата на салепот. „Всушност, нашата професија е продажба на сладолед. Салепот е еден од основните елементи на сладоледот. Салепот е многу важна суровина во нашата работа. Во зимскиот период од него подготвуваме напитоци, а преку лето го користиме во нашите сладоледи. Тој е еден од основните суровини на нашата работа“, рече Бариш.

Растението салеп се наоѓа на планините и падините во Турција, а подрачјата на Егејското Море и Северниот Медитеран се негова татковина. Бариш рече дека познавачите на растенијата, при собирање на кртолите, оставаат една кртола за да може растението да се храни.

– „Старите спомени се популарни и денес“

Бариш Бољукбаши рече дека собраните кртоли прво се варат во вода или во млеко, па потоа се сушат.

„На тој начин добиваме кртола на салеп која може да се користи како напиток или сладолед. Во мелница салепот го доведуваме во форма на прашок. Во производите од салеп, тој се употребува како прашок или кртола. Салепот е избор во зимскиот период затоа што тој е топол напиток. Тој е незаменлив напиток во зимските месеци. Во зимските месеци, ризикот од настинка е поголем. Повторно лековитоста на салепот се појавува во преден план. Поради убавиот вкус и своите лековити својства, салепот е препорачуван од човек на човек, од генерација на генерација, а особено се користи како напиток за лекување на кашлица, бели дробови, бронхитис.

Салепот и бозата се едни од најзначајните напитоци во турската култура. Голем број луѓе, од османлискиот период досега, се запознаа со вкусот на овие напитоци. Старите спомени и денес се присутни со својата популарност.“