Низ фотографија од годинешната Подгоречка зима

0

Како што велат, секое време си има своја убавина и фотографија. Фотографиите на  дождот, сонцето, ветерот и снегот,  се фотографираат во своите годишни времиња, пролет, лето, есен, зима.

Накратко кажано, со овој наш пост, би сакале да ви прикажеме дел од многуте фотографии на годишното време кое ни ја носи белата и снежна покривка, а сигурен сум дека знаете за што станува збор, нели? па се разбира тоа е ЗИМАТА..

Се разбира фотографијата не е доволна за да се почувствува убавината на зимата која што таа ни ја носи, иако понекогаш малку сме лути на неа, што ете била многу студена, или ни донела одповеќе снег.

Зимската и снежна фотографија на населба Подгорци, овој пат изоболува со убавини, и токму заради тоа што имаме: дечиња кои се санкаат, снешко белци и други фигури од снег, топло оганче со кафе и пријатели, и се разбира спомени кога и ние некогаш  сме се санкале и правеле снешко , будејќи истото повторно да го направиме.

Кај, мене веќе буди такви спомени. А кај вас? Се надевам дека и кај вас не замреле спомените од зимските денови поминати заедно со санката, бундето, капчето и нараквичињата…

Како и да е на Подгорци зимата ова година и ја подари својата снежна покривка, а како изгледаше нашата населба преку фотографијата на зимскиот пејасаж погледнете во само дел од нашите забележани фотографии.