Во Јужна Америка запленето 2,3 тони кокаин

0

Повеќе од 2,3 тони кокаин беа запленети во Суринам, што представува најголема заплена на дрога во јужноамериканската земја, соопшти полицијата.

Заманик директорот на полицијата Роберто Праде, соопштила дека во вторникот кокаинот бил пронајден во пристаништето во главниот град Парамарибо.

Дрогата била сокриена во вреќи со ориз во осум контејнери.

Праде изјавил дека никој не е уапсен, но дека полицијата идентификувала четворица осомничени.

Тој додаде дека дрогата била наменета за Европа, но не сакаше да даде детали додека истрагата се уште е во тек.

Суринам, според АП, е земјата каде дрогата транзитира од Јужна Америка до Европа и САД.