Палестинец 18 години во затвор чувал подарок за својата ќерка

0
360
ГАЗА (AA) - Имадудин ес Сафтави во 2000 година купил кукла со која сакал да ја израдува својата двегодишна ќерка Сара. Но овој Палестинец го следела таква судбина, па ќерката успеал да ја израдува дури на нејзините 20 години. ( Ali Jadallah - Агенција Анадолија )

Имадудин ес Сафтави во 2000 година купил кукла со која сакал да ја израдува својата двегодишна ќерка Сара. Но овој Палестинец го следела таква судбина, па ќерката успеал да ја израдува дури на нејзините 20 години, пишува Anadolu Agency (AA).

Приказната за куклата која е наречена „Мими“ започна пред 18 години, кога Сафтави ја купил за време на престојот во Дубаи во 2000 година, сакајќи да ја израдува својата двегодишна ќерка. Меѓутоа, по враќањето од Обединетите Арапски Емирати во Газа, го уапсија израелските сили, па така и неговата намера да ја израдува двегодишната ќерка е одложена.

Ослободен е во декември 2018 година, а куклата во рацете на ќерката успеал да ја предаде дури кога Сара имала 20 години.

Сафтави пред апсењето бил вработен во палестинското Министерство за вакуфи, и бил независен член на Палестинскиот народен совет. Обвинет е и затворен поради тврдења дека дејствувал против окупациските власти.

Во разговор за АА говореше за она што му се случувало во последните две децении.

– Борба со самотијата во затвор –

„Од првите денови на моето апсење барав куклата која ја купив за мојата ќерка да остане кај мене. Разговарајќи со неа, се борев со самотијата. Како што одминуваа годините, забележав дека поради таа кукла ќерката сѐ повеќе ми недостасуваше, а куклата ми отежнуваше да ја затворам раната на моето срце. Така барав таа кукла да се остави во оддел во кој се држат приватни работи на затворениците“, раскажа Сафтави.

Сепак, неговата приказна не се однесува само на куклата која ја чувал за својата ќерка.

Наведува дека палестинските затвореници во израелските затвори се изложени на сериозно психофизичко злоставување, константно претепување. Истакна дека затворските чувари во него самиот пукале во нога од огнено оружје.

„Израел кон затворениците се однесува како кон нивна сопственост. Настојува кај затворениците да всади страв и сфаќање дека е во состојба во секој момент да го уништи нивниот живот“, рече Сафтави.

На прашањето како се чувствувал кога го пуштиле на слобода, одговори:

„Целото мое тело го обзеде среќа. Иако во затворот поминав полни 18 години, денес моето семејство и мојата татковина ги раширија рацете и ме чекаат.“

Ќерката Сара истакнува дека иако не знаела за приказната за подарокот кој татко ѝ ѝ го купил пред 18 години, кога ја зела куклата, била свесна и среќна за тоа колку нејзиниот татко ја сака.

– Грижа за таткото –

Куклата Мими неколку дена пред ослободувањето на Сафтави е испратена во неговата куќа, заедно со останатите работи.

„Загубив надеж дека татко ми еден ден ќе излезе од затвор. Кога мајка ми ми ја даде куклата, сфатив дека тој ден е блиску. Започнав да плачам кога ја зедов в раце. Бев тажна затоа што толку долго бев одделена од татко ми, но и среќна затоа што сега тие денови се зад нас. Сега ќе почнам нов живот со мојот татко“, рече Сара.

Сопругата на Сафтави, Садије ал Хурани (49) рече дека периодот во последните 18 години бил многу тежок без нејзиниот маж.

„Кога мојот маж беше уапсен, бев бремена со нашата ќерка Лин. Имаме пет деца. Моето семејство е во Сирија, а мажот ми е сѐ во мојот живот. Неговиот период во затвор беше тежок за мене и за моите деца“, рече Хурани.

Додаде дека од почеток немала никакви информации за нејзиниот маж, а одобрение да го посети првпат, добила дури по 13 години на неговото отслужување во затвор.

„Ден пред првата средба со мажот ми, по неговото апсење, не можев да спијам, ја броев секоја минута. Едноставно не верував дека ќе го видам. Се плашев дека израелските власти во последен момент би можеле да ја откажат средбата. Кога влегов во просторијата и го видов, несвесно реков: ’Да, ете го, тоа е тој‘“, раскажа Хурани, додавајќи дека, исто така, и таа била многу среќна кога нејзиниот маж бил ослободен.