Во БиХ одбележана 11. годишнина од страдањето на македонските војници

0

Вработените во ЕУФОР денес се собраа во базата Бутмир кај Сараево, за да одбележат 11 години од смртта на 11 војници од Македонија, кои загинаа во хеликоптерска несреќа, пренесува Anadolu Agency (AA).

На комеморацијата присуствуваа Ристе Велковски, вршител на должност во македонската Амбасада и генерал-мајорот Мартин Дорфер, командант на ЕУФОР. Почесната единица на припадниците на ЕУФОР е построена во Меморијалниот парк во базата во Бутмир за да ги дочека високите функционери, а потоа и учествуваше на комеморацијата.

Од ЕУФОР наведуваат дека во текот на комеморацијата се запалени 11 свеќи кои ги претставуваат изгубените животи, по што вишиот национален претставник на Македонија во составот на ЕУФОР ги прочитал имињата на загинатите војници.

Македонија е една од петте земји учеснички во мисијата кои не се членки на ЕУ, а вкупниот број земји учеснички во мисијата на ЕУФОР во БиХ е 19.