Охрид се поврзува со Малме, Милано, Меминген и Дортмунд

0

Од март оваа година ,Охрид ќе биде поврзан со авионски летови до Малме и Милано, а од јули и со Меминген и Дортмунд.

Ова се четирите дестинации на кои ќе започне да оперира нискобуџетната авикомпанија „Визер“, согласно новиот договор со македонската Влада за финансиска поддршка за евтини авиолинии. Договорот денес го потпишаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и Џорџ Михалопулос од „Визер“.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“, компанијата која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродороми во изминатите шест години.

По утврдената евалуација на понудата од страна на Комисијата надлежна за спроведување на овој Јавен повик, утврдено е дека авиокомпанијата „Визер“ ги исполнува сите услови и критериуми наведени во повикот.

Од месец март од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе се лета до Милано во Италија и до Малме во Шведска, а билетите за овие дестинации ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули пак се очекува да бидат воспоставени и другите две линии од Охрид до германските градови Меминген и Дортмунд.

Од скопскиот аеродром пак ќе бидат отворени две нови линии кон Баден-Баден и Бремен во Германија и тоа од месец март, а потоа од јули и кон Ларнака во Кипар и Турку во Финска.

Финансиската поддршка што ја обезбедува Владата е 312 милиони денари или околу пет милиони евра за период до 2022 година. За 2019 година предвидени се 86 милиони денари, за 2020 и 2021 година предвидени се 104 милиони денари, додека за 2022 година – 17 милиони денари.

– Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40 илјади евра за секоја нова отворена дестинација воведена од меѓународниот аеродром „Скопје“ и меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид. За секоја нова дестинација воведена од Скопје ќе се додели финансиска поддршка од девет евра по патник во заминување во првата година од договорот, осум евра по патник во втората година, седум евра во третата. За секоја нова дестинација воведена од Охрид ќе се додели финансиска поддршка во износ од 13 евра по патник во заминување во првата година од договорот, 12 евра во втората, 11 евра во третата година од договорот , истакна министерот Сугарески. (Крај)

НОВИТЕ РУТИ НА WIZZ AIR ОД МАКЕДОНИЈА

  • Охрид – Малмо     Понеделник, Петок (до 13 Септември)
    Среда, Недела (од 18 Септември)    18 Март2019    MКД 1,169 / EУР 19.99
  • Скопје –Карлсруе /Баден    Вторник, Сабота (до 29 Јуни)
    Среда, Недела (од 3 Јули)    19 Март2019    МКД 1,169 / ЕУР 19.99
  • Охрид – Милано Малпенса    Вторник, Сабота (до 30 Март)
    Понеделник, Петок (од 1 Април)    19 Март2019    МКД 1,169 / ЕУР 19.99
  • Скопје – Бремен    Среда, Недела    20 Март2019    МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
  • Охрид – Меминген    Понеделник, Петок    1 Јули 2019    МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
  • Охрид – Дортмунд    Вторник, Сабота    2 Јули 2019    МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
  • Скопје – Ларнака    Среда, Недела    3 Јули 2019    МКД 1,169 /  ЕУР 19.99
  • Скопје – Турку    Среда, Недела    3 Јули 2019    МКД 1,169 /  ЕУР 19.99

СЕ ЗГОЛЕМУВА ФРЕКВЕНЦИЈАТА НА СКОПСКИТЕ РУТИ ВО WIZZ AIR
Дестинација        Неделни летови    Од месец
ГетеборгЛандветер     4x->5             Јули 2019
Хамбург                        2x->3             Јули 2019
Келн                             3x->4             Јули 2019

 

 

извор: ОхридПрес фото: архива