Судан: Откриени нови големи резерви на злато

0

Во африканската земја Судан се откриени нови големи резерви на злато, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за нафта и рудници, Азхар Абдулкадир, се сретна со претставниците на рударскиот сектор и соопшти дека биле откриени нови резерви на злато со капацитет за годишна експлоатација од 7 тони.

Абдулкадир најави големи чекори во развојот на рударството во Судан, и додаде дека сите проблеми во овој сектор се производ на политичките проблеми.

Тој не даде информации околу точната локација на откриените резерви на злато и за тоа кога ќе започне експлоатацијата на овој вреден метал.

Судан ги изгуби своите приходи од нафта откако Јужен Судан се оддели во 2011 година, а 80 отсто од своите девизни приходи ги насочи кон златото.

Судан во 2017 година произведе 105 тони злато, додека во првите девет месеци од минатата година произведе 78 тони.

Во земјата не постојат официјални надлежни органи против криумчарење злато, додека владините претставници велат дека овој феномен е во пораст.