Иран со порака до САД: „Ако сакате преговори, укинете ги санкциите“

0
58

Иранскиот претседател Хасан Рохани, истакна дека во случај Соединетите Американски Држави (САД) да ги укинат санкциите, ќе можат да ги започнат преговорите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според иранската државна телевизија, иранскиот претседател Рохани, на состанокот на Административниот совет во иранската покраина Ѓулистан, нагласи дека САД со санкции сакаат да го изолираат Иран, но според него, ова е една цел чија реализација е невозможна.

Рохани рече дека извесно време се наоѓаат под економски притисок поради санкциите на САД. „Земјата не се наоѓа во нормални услови, но не се плашиме од санкциите и нема да отстапиме од нашите цели“, додаде тој.

Рохани ги обвини САД, Израел и некои заливски земји за започнување економска војна против Иран. „Каков и удар да добиеме ние во оваа војна, штета ќе претрпи и другата страна. И покрај секоја провокација на непријателот, ние не бевме страната што ја започна војната. Горди сме со тоа“, нагласи Рохани.

Иранскиот претседател истакна дека санкциите на САД во области како банкарски системи, девизни приходи, производство на нафта и транспорт, вршат притисок врз економијата и влијаат врз животот на населението.

„Знаеме дека во овие услови народот и економијата се изложени на притисок. Ние целосно нема да ги отстраниме овие притисоци, но не можеме да направиме и нешто што не е праведно“, рече тој.

– Порака до САД –

Иранскиот претседател нагласи дека санкциите не се начин Иран да седне на преговарачка маса.

„Треба на САД да им објасниме дека овој пат е погрешен. Ако сакате да зборувате со нас, постојат соодветни начини за тоа. Треба да го почитувате иранскиот народ, а санкциите треба да ги оставите настрана. Ние не избегнуваме од преговори, сѐ додека тоа се случува во рамките на принципите и разумот“, истакна Рохани.