Месна Самоуправа Подгорци: Воведување на рестрикции во водоснабдувањето

0

Почитувани!

Имајќи го во предвид намалениот доток на вода во системот за водоснабдување заради ниските температури кои преовладуваат во делот на Подгречкото Езеро, како и неодговорноста на нашите сограѓани кои во текот на целата ноќ ги оставаат чесмите отворени, односно во текот на истата да протекува вода, и оневозможува резервоарот на овој систем да ја каптира нормалната-потребна количина на вода за обезбедување на непрекинато снабдување од утре: 01.16.2019 година заради спречување на било каква опасност која може во целост да го наруши системот со нормално водоснабдување на населбата,  Месната Самоуправа – Подгорци, однесе одлука според која се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во текот на денот од:

11.00 до 14.00 часот.

Ваквата рестрикација ќе трае се додека не се нормализира, односно обезбеди потребната количина на вода која во нормални услови ја троши населба Подгорци.

Со почит!

Месна Самоуправа – Подгорци