Холандска новинарка депортирана од Турција поради врска со тероризам

0
79

Шефот на комуникации во турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакна дека холандската новинарка Јохана Корнелија Боерсма, е депортирана од Турција, а дека одлуката за депортација не е донесена поради нејзините новинарски активности во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Алтун во изјава за АА соопшти дека новинарката Јохана Корнелија Боерсма, која е дописничка на холандскиот весник „Het Financieele Dagblad“, изутрина е депортирана од Турција.

Алтун нагласи дека одлуката за нејзината депортација не е донесена поради нејзините новинарски активности во Турција. „Нашите надлежни органи пред извесно време разменија разузнавачки информации со холандската полиција, која информираше дека ова лице има поврзаност со една терористичка организација. Нашата страна побара информации околу влегувањето во Турција, како и излегувањето од неа во врска со ова лице“, рече Алтун.

Алтин потсети дека во последните години Турција е цел на терористички организации како ПКК и ДЕАШ, и дека околу 2.000 невини граѓани на Турција биле жртва на тероризам.

„Всушност, досега, со поддршка на нашите меѓународни партнери, донесовме одлука за спречување на десетици илјади лица поврзани со терористички организации. Поради сериозноста на заканата со која се соочуваме, соработуваме со пријателските земји и сојузници како Холандија, и ги искористуваме нивните мислења, со цел откривање и спречување на заканите врз нашата национална безбедност и безбедноста на Европа. Се надеваме дека соработката во оваа насока ќе продолжи и против сите терористички организации“, додаде Алтун.