Врнежите го зголемија нивото на водата во Охридското Езеро, деновиве е 13 сантиметри над нултата кота

0

Како што информираат од хидролошкото одделени при Управата за хидрометеоролошки работи, нивото деновиве е 13 сантиметри над нултата кота и се наоѓа на 693,30 метри надморска висина. Месечниот просек за февруари е 693,41 метри надморска висина. Температурата на езерската вода е нешто под 7 степени Целзиусови.

Зголемување на водостојот на Охридското Езеро, како што појаснуваат хидролозите, се очекува и во текот на наредниот период заради топењето на снегот и новите врнежи од дожд.

– Следува период на претежно облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес