Лице од Радолишта нападнато пред пекара во Струга

0

Вчера околу 14:00 часот, пред пекара лоцирана на улицата „ЈНА“ во Струга, А.И.(23) од струшкото село Радолишта, бил физички нападнат од А.С. (28), М.С.(53), двајцата од Велешта и од уште едно, засега непознато лице.

А.С. и М.С. се повикани на разговор во полициската станица во Струга, а се преземаат дополнителни мерки за идентификација на третиот учесник во нарушувањето, по што ќе биде понесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива