Акција против организирано питачење во Струга

0

Општина Струга во соработка со Полициската станица во Струга и Центарот за социјална работа организираат акција за остранување на организираните питачи од улиците во градот.

– Оваа акција има за цел да ги острани питачите кои се организирани или трафикувани од лица кои ја злоупотребуваат нивната состојба. Општина Струга ја започна акцијата по зголемувањето на бројот на питачите во градот, информираат од општината и апелираат до граѓаните да се вклучат во акцијата и да ги пријават организираните питачи на телефонскиот број 192 или преку порака на официјалната страна на општина Струга.

Во информацијата објавена од страна на општина Струга не се потенцира како ќе се реши проблемот и каде ќе бидат згрижени овие лица, од кои најголемиот дел се малолетни. (Крај)

извор: Општина Струга фото: архива