Советот на Општина Струга доби грант од 60.000 швајцарски франци

0
103

Вчера во салата на Советот на Општина Струга, на покана на претседателот на Советот, г. Ресул Каба, претставник на УНДП, Илмиасан Даути го презентираше проектот пред советниците.

Советот на Општина Струга доби грант од 60.000 швајцарски франци за зајакнување на капацитетите на советот. Проектот ќе се реализира преку УНДП, чија цел е зајакнување на советот на Општината, како и улогата на советниците во областа на урбанизмот, културата,општинските активности и други.

Околу 50 илјади швајцарски франци од средствата ќе бидат определени за проекти за кои ќе одлучуваат самите граѓани додека останатите ќе се користат за зголемување на работниот капацитет на општинскиот совет.

Канцеларија за односи со јавност,
Општина Струга