РУСКО МНР: САД донесоа одлука за воена интервенција во Венецуела

0
129

Вашингтон веќе активно го развива сценарио за воена интервенција во Венецуела, изјави портпарол на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на конференцијата за медиумите во Москва.

Одлуката за тоа веќе е САД веќе ја донесоа, изјави Захарова, додавајќи дека на тоа укажуваат активностите на американската воена делегација која што во последните денови буквално “преплави” регионот на Латинска Америка. “Се спроведува детална разработка на прашањето за сеопфатна, логички поддржана воена варијанта на промената на власта во Венецуела”, се вели во соопштението на портпаролката на руската МНР, телевизијата РТ.

Марија Захарова, исто така, изјави дека се појавиле информации за посетата на американската армија на високо ниво во колумбискиот град Кукута, кој се наоѓа на колумбиско-венецуелската граница. На венецуелската страна на тој дел од границата се наоѓа аеродромот Санто Доминго, со една од најдолгите писти во таа земја, каде можат да селетаат авиони од секаков вид и големина. “… Вашингтон ја донесе одлука за употреба на сила. Сето друго останато представува се само операција за прикривање “, изјавила Захарова.

Извор:gopolitikanews