Џафери ги распиша шестите претседателски избори

0

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево ги потшишал решенијата за распишување на шестите претседателски избори.

Претседателските избори ќе се оддржат на 21 април годинава,додека вториот круг ќе се оддржи на 5 мај. Исто така на 21 април годинава во Охрид и Ново Село и Дебар ќе се одржат и предвремени градоначалнички избори.

Решението за распишување на избрите ќе биде доставено до ДИК како орган за спроведување на изборите.

-Во периодот кој доаѓа, Македонија ќе го полага тестот на капацитет и зрелост. Фер и демократски избори се еден од условите по кои ќе не вреднуваат и оценуваат – истакна Џафери.

Извор:НоваТВ