Ибрахим Калин: 60 % од судирите во светот се водат во муслимански земји

0
51

Портпаролот на канцеларијата на претседателот на Република Турција Ибрахим Калин изјави дека 60 отсто од конфликтите во светот се случуваат во муслиманските земји и дека овие конфликти влијаат на општествената енергија и природните ресурси на муслиманските земји, јавува агенцијата Анадолу (АА).

Зборувајќи на панел дискусијата “ Постигнување на мир и безбедност во бурниот свет“, организиран од Центарот за статистичка, економски и општествени истражувања и образување на муслиманските земји (SESRIC), Калин нагласи дека на сцена е период на хаос и несигурност на глобално ниво, не само во муслиманските земји, туку во контекст на иднината зголемена е несигурноста и неизвесбноста на Западот, Европа, Латинска Америка и во други бројни региони.

Растечката недоверба, исто така, доведе до појава на популистички движења, истакнал Калин, додавајќи дека во последниве години, загриженоста ја предизвикува екстремната десница која во бројни европски земји ја презеде главната политика.