Србија подготвена ја започнува изградбата од својот дел од гасоводот “ Турски тек“

0

Србија е подготвена да започне со изградба на својот дел од гасоводот Турски тек од границата со Бугарија до границата со Унгарија, изјави претседателот на државна енергетска компанија “Србијагас“ Душан Бајатовиќ, додавајќи дека изградбата може да започне во март оваа година. Бајатовиќ изјавил дека српската страна би можела да ја заврши целата работа до 15 декември 2019 година. и дека не треба да има пречки за тоа од страна на енергетската заедница.

Пред неколку дена објавивме вести дека бугарската државна гасна компанија Bulgartransgaz го објави успешното завршување на тендерот за закуп на гас од гасоводот кој е планиран да се гради на бугарска територија и претставува продолжение на руско-турскиот гасовод “Турски тек”. Кон крајот на декември бугарскиот оператор објави тендер и изведувач за гасоводот, кој ќе се протега од бугарско-турската на бугарско-српската граница, во должина од 474 километри. Bulgartransgaz, исто така, планира да изгради две компресорски станици.

Извор:geopolitikanews