Самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо, подготвен да ја одобри воената интервенција на САД

0
96

Хуан Гуаидо, самопрогласен привремен претседател на Венецуела, на 8 февруари изјави дека е подготвен, доколку е потребно, да ја одобри воената интервенција од страна на Соединетите Држави за да го принуди шефот на државата, Николас Мадуро, да ја напушти власта.

“Ќе сториме сé што е потребно. Ова е очигледно многу контроверзно прашање, но користејќи го нашиот суверенитет и нашиот авторитет, ќе го направиме она што е потребно “. Хуан Гуаидо одговорил на прашањето за користењето на неговите законски овластувања, како претседател на парламентот и вршител на должноста претседател и за одобрување на можна воена интервенција.

Во изданието на магазинот New York Times од 30-ти јануари, Хуан Гуаидо изјавил дека венецуелската воена поддршка е “клучна” за постигнување на “промена на моќта” и покрај поддршката на високите владини претставници на Венецуела. Од своја страна, Николас Мадуро во повеќе наврати го осуди американското мешање и поддршката на опозицијата и нејзините манифестации.

Доналд Трамп на 23.јануари го поддржа претседателот на Националното собрание на Венецуела и лидерот на опозицијата, откако тој се прогласи за “привремен претседател” на земјата, неколку дена по инаугурацијата на претседателот на Венецуела. Николас Мадуро, повторно беше законски избран за втор мандат. Сојузниците на Вашингтон во регионот го следеа пример како што се Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија и Перу.