Хусрев Емин реизбран за претседател на МАТУСИТЕБ

0

Хусрев Емин со мнозинство на гласови е реизбран за претседател на Сојузот на турски невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, на 8. редовно Генарално собрание што се одржа денеска во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).

На Собранието, покрај претседателите и претставниците на невладините организации присуствуваа претставници на Амабасадата на Република Турција во Македонија, програмскиот координатор на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Република Македонија, Ајтекин Ајден, директорот на Турската фондација „Маариф“ (ТМВ) за Македонија, Мустафа Дилиоглу, преставникот на Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Фуркан Курт, поранешните претседатели на МАТУСИТЕБ, Сулејман Баки и Тахсин Ибрахим, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија, Ердоган Сарач, заменик- претседателката на Демократската Партија на Турците, Шасине Касами, и Џелил Ахмет од кабинетот на Елвин Хасан – министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции.

По гласањето во изјавата за АА, реизбраниот претседател Хусрев Емин изрази благодарност до сите членови на МАТУСИТЕБ за повторната поддршка.

„Ние ќе продолжиме да работиме со зголемено темпо, притоа ќе ги надополниме сите недостатоци. Посакувам ова 8. редовно Генарално собрание на МАТУСИТЕБ да биде за доброто на турската заедница во Македонија. Исто така, се надевам дека ќе се направат напори за да се зголемат активностите во корист на турското население во Македонија“, рече Емин додавајќи дека како претседател на МАТУСИТЕБ ќе продолжи да работи во рамките на единството и интегритетот на Турците во Македонија.

Координаторот на ТИКА во Македонија, Ајтекин Ајден, во своето обраќање на Генералното собрание потсети дека МАТУСИТЕБ од своето основање во 2003 година до денес реализираше сериозни проекти. Ајтен истакнувајќи ги протестите одржани во Скопје против терористичката ФЕТО, во организација на МАТУСИТЕБ, напомена дека премиерот на Македонија, за првпат на 21 април 2017 година ја спомена ФЕТО како терористичка организација.

„Ние Турците тука сме, постоиме, единствени и солидарни сме. Но, за една година (мислејќи на периодот од обраќањето на премиерот Заев за ФЕТО) што се случи на таа тема. Можеби за да се направи една анализа, турските невладини организации и трите политички партии во заедништво можат да преземат многу сериозни чекори, и преземаат, но тие треба да бидат поефикасни и посеризони, секако со поддршката на нашата амбасадорка во Скопје, г-ѓа Тулин Еркал Кара. На тој начин може да ја отстраниме таа предавничка организација од тука, а мислам дека тоа е должност на сите нас“, рече Ајтекин Ајден.

На почетокот на Собранието се прочита и писмото на амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара.

Во своето писмо, амбасадорката Кара му посака успех на МАТУСИТЕБ во наредниот период кој даде значеан придонес кон мирот, единството и интегритетот на сограѓаните во Македонија.

Кара, изразувајќи благодарност до сите досегашни претседатели, на новиот претседател му посака успешна работа во новиот период што следува.

МАТУСИТЕБ е основан во 2003 година како еден заеднички закрилен сојуз на сите турски организации од граѓанскиот сектор.