Турска фирма произведува дизел-мотори кои штедат гориво

0

Турска компанија изработува и извезува дизел-мотори со кои се штеди гориво по цена со која ги победи своите конкуренти, пишува Anadolu Agency (AA).

Дизел-моторот со еден цилиндер направен во Турција е плод на 10-годишно истражување и работа, изјави Ерсин Шахин од „Еринмотор“ (Erinmotor), подружница на турската компанија за автомобили, „Шахин метал“.

„„Еринмотор“ специјално ги дизајнира и произведе сите делови за индустрискиот дизел-мотор со капацитет од 1,16 литри и 24 коњски сили“, изјави за АА Ерсин Шахин.

„Нашите конкуренти продаваат ист тип на мотор за околу 14.000 турски лири [2.660 долари], додека ние го продаваме овој мотор за 10.500 лири [1.995 долари]“, рече тој, додавајќи дека компанијата планира уште повеќе да ја намали цената.

Шахин истакна дека моторот може да се користи кај теренските возила и кај градежните машини, генераторите, снежните плугови, кај опремата за наводнување и кај компресорите.

„Го реализиравме нашиот прв извоз во Мавританија и во Албанија и се надеваме дека ќе се пробиеме на пазарите во Тунис и Алжир“, објасни тој.

„Еринмотор“ ја продолжува својата работа за истражување и развој со персонал од 21 вработен за производството на мотор со еден цилиндар на природен гас, и на четирицилиндричен дизел-мотор од 100 КС.

Компанијата, со инвестициски стимулации од државата, истражувањето и развивањето на овие мотори ги изведува во соработка со истанбулското училиште „Yildiz Teknik“, едно од најдобрите училишта за инженерство во земјата.