Сојлу: „Турција подготвува опсежна операција против терористичката организација ФЕТО“

0
53

„Се подготвуваме за опсежна операција против терористичката организација ФЕТО. Ќе ги истребиме од оваа земја“, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Сојлу: „Турција подготвува опсежна операција против терористичката организација ФЕТО“

АНКАРА (АА) – Турција се подготвува за голема операција против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

„Се подготвуваме за опсежна операција против терористичката организација ФЕТО. Ќе ги истребиме од оваа земја“, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

На 15 јули 2016 година, ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, изведоа неуспешен обид за пуч во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.