Либерман: Поради корупциските афери можно e повлекување на Нетанјаху од политиката

0

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е под истрага за три одделни случаи на корупција, за кои ги негира сите обвиненија.

Либерман: Поради корупциските афери можно e повлекување на Нетанјаху од политиката

ЕРУСАЛИМ (АА) – Поранешниот министер за одбрана, Авигдор Либерман, не ја исклучува можноста дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се повлече од политиката ако биде обвинет за корупција пред општите избори во април, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Иако треба да се каже дека одлуката е донесена за да се покренат обвиненија против Бенјамин Нетанјаху пред изборите, неговите шанси за формирање влада ќе бидат еднакви на нула“, пишува израелскиот весник „Једиот Ахаронот“ (Yedioth Aharonoth), цитирајќи го Либерман.

„Затоа, не ја отфрлам можноста Нетанјаху да поднесе барање за спогодба пред изборите“, рече тој.

Либерман истакна дека не ја отфрла можноста Нетанјаху на крајот да оди со барање за спогодба, слично како и поранешниот претседател Езер Вајцман.

Нетанјаху е под истрага за три одделни случаи на корупција, за кои ги негира сите обвиненија.

Минатиот месец, израелскиот државен правобранител Авичаи Манделблит истакна дека ќе донесе одлука за вината на Нетанјаху во врска со обвиненијата за корупција пред изборите за Кнесетот закажани за 9 април.