Претседателот на Египет Абдел Фатах ел-Сиси денеска беше избран за нов претседател на Африканската Унија(УН) на самитот на континенталната организациаја, Адис Абеба.

Во обрќањето на учесниците на самитот во главниот град на Етиопија, претседателот на Египет истакна дека безбедноста на африканскиот континент ќе биде во центарот на неговата работа.

Нашата работа мора и понатаму да се фокусира на промовирање на сеопфатен и оддржив мир и безбедност во Африка. Медијацијата и превентивната дипломатија ќе останат приоритет за Африканската унија – рече Сиси.

Тој, исто така, рече дека борбата против тероризмот бара идентификација на оние кои го поддржуваат и финансираат и заеднички ангажман.

Свесни сме на тежината и сложеноста на оваа борба и затоа ова е единствениот начин да се победи тероризмот и да се искорени, рече египетскиот претседател.