ЕУ ја стави Саудиска Арабија на црната листа

0

Како резултат на објавената листа, банките и другите институции кои работат по правилата на ЕУ, ќе можат да направат поголеми контроли и ревизии на трансакциите на клиентите и финансиските институции на високоризичните земји

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) ја стави Саудиска Арабија на црната листа поради непридржувањето кон стандардите во борбата против перење пари и во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Европската комисија ја објави листата на 23 земји кои недоволно се ангажирани во борбата против перење пари и во борбата против финансирањето на тероризмот.

На листата се наоѓаат Авганистан, Американска Самоа, Бахами, Боцвана, Северна Кореја, Етиопија, Гана, Гуам, Иран, Ирак, Либија, Нигерија, Пакистан, Панама, Порторико, Самоа, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Сирија, Тринидад и Тобаго, Тунис, Американски Девствени Острови и Јемен.

Како резултат на објавената листа, банките и другите институции кои работат по правилата на ЕУ, ќе можат да направат поголеми контроли и ревизии на трансакциите на клиентите и финансиските институции на високоризичните земји.