Во предвечерието на утрешниот троен самит во Сочи меѓу Ердоган, Путин и Рухани посветен на Сирија

0
59

Лидерите на трите земји Турција Реџеп Тајјип Ердоган, Русија Владимир Путин и Иран Хасан Рухани, гарантори на процесот од Астана, утре ќе се состанат во Сочи, на четвртиот троен самит посветен на Сирија

На дневниот ред на утрешниот троен самит посветен на Сирија што ќе се одржи во рускиот град Сочи, а на кој ќе се состанат рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и иранскиот претседател Хасан Рухани, ќе бидат поставени растечкото насилство во подрачјето на градот Идлиб, процесот на повлекување на САД од Сирија и формирањето на Уставотворниот комитет од чија страна ќе биде напишан новиот сириски Устав.

Лидерите на трите земји Турција, Русија и Иран, гарантори на процесот од Астана утре ќе се состанат на четвртиот троен самит посветен на Сирија.

Домаќинот на тројниот самит рускиот претседател Владимир Путин во рамките на самитот ќе оствари и одделна средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. Рускиот лидер ќе има билатерална средба и со иранскиот претседател Хасан Рухани.

На самитот се очекува лидерите на трите гаранторски земји да ја дадат пораката и за поддршка на територијалниот интегритет на Сирија и продолжување на заедничката борба против тероризмот и сепарартистичките активности и соработката во форматот од Астана.

Тројцата лидери, Ердоган, Путина и Рухани, за последен пат се состанаа на 7 септември во Техеран и разговорирте на овој троен самит беа сконцентрирани на ситуацијата во областа за намалување на затегнатоста (зоната на деескалација) во подрачјето на градот Идлиб.

На самитот во Техеран, својот белег го удри повикот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за постигнување прекин на огнот во Идлиб за заштита на приближно 4 милиони цивили од интензивното натрупување на оружје и нападите на режимот на Бешар Асад.

По ваквиот развој, претседателот Ердоган на 17 септември 2018 година во Сочи се состана со рускиот претседател Владимир Путин со кого го потпишаа договорот за зајакнување на прекинот на огнот во Идлиб.

Во рамките на спогодбата од Сочи, воените опозиционери го повлекоа тешкото оружје од подрачјето, по што релативно беше воспоставено спокојството и насилно раселените цивили од своите домови почнаа да се враќаат назад. Меѓутоа, по кусо време сирискиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран повторно почнаа да натрупуваат оружје и свои вооружени лица на фронтовата линија и да ги напаѓаат цивилните населени места.

На утрешниот троен самит во Сочи се предвидува да се разговара за насилството кое што се интензивира во подрачјето на градот Идлиб особено од страна на странските терористички групи во редовите на режимот, за кои е познато дека се поддржани од Иран.

Овие групи во текот на вчерашниот ден реализираа повеќе од 100 топовски напади врз Идлиб.

Русија и предлага на Турција да се реализира заедничка операција врз некои групи како Хејет Тахрир Шам, кои што ги смета за одговорни за насилството.

Меѓутоа, Турција не гледа позитивно на една ваква операција која би довела до хуманитарна криза во подрачјето.

На дневниот ред на тројцата лидери, Ердоган, Путин и Рухани, утре во Сочи ќе биде и повлекувањето на САД од Сирија, како и операцијата која што ќе ја реализира Турција источно од реката Еуфрат и прашањето со подрачјето на Менбич.

Русија, принципиелно не се противи на операцијата што ќе ја реализира Турција против присуството на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во источниот дел на реката Еуфрат. Меѓутоа, кај официјална Москва која сака овие територии да му се препуштат на режимот на Асад, исто така постои очекување контролата во подрачјето за кусо време да му се остави на режимот.

Турција пак, е загрижена во однос на тоа дека би можел да се создаде модел во кој што режимот и ЈПГ/ПКК ќе живеат заеднички, како што е случајот со Хасеке.

Затоа официјална Анкара, сака да преземе воена мерка против враќањето назад на ЈПГ/ПКК со посредство на режимот.

Русија, во оваа точка ја изнесува својата намера во правец на воспоставување врска и соработка помеѓу Турција и режимот.

Така рускиот претседател Владимир Путин на средбата што ја одржа на 23 јануари со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, потсетувајќи на договорот од Адана (потпишан помеѓу Турција и Сирија во 1998 година) ја достави пораката дека лично мисли оти безбедносните грижи на Турција би можеле да се надминат во овие рамки.

Од друга страна, обидите за формирање на Уставотворен комитет за Сирија од чија страна ќе биде напишан новиот Устав на оваа земја, беа блокирани во однос на некои имиња во списокот од последните 50 лица, кои беа предложени од страна на делегацијата на режимот.

Режимот, наместо да предложи имиња на кандидати одн редот на цивилите кои релативно би изгледале понеутрални инсистира во списокот да бидат внесени лица, високи функционери на сегашни институции.

Турција пак, како гарантор на опозиционерите, нагалсува дека Уставотворниот комитет од чија страна ќе биде напишан новиот Устав треба да се состои од урамнотежени и угледни и ценети личности.