Меј: Нема одложување на Брексит, 29 март, ја напуштаме ЕУ

0

ЛОНДОН – Британската премиерка Тереза ​​Меј денеска изјави дека нејзината влада не го смени ставот и дека не сака да го одложи датумот на Брексит – на 29 март, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

“Многу е јасно дека од почетокот на членот 50, позицијата на владата е да се стави крај на двегодишниот рок на 29-ти март, и ние работиме на тоа”, рече Мај, објави Ројтерс.

Шефот на британскиот преговарачки тим за Брексит Оли Робинс претходно изјави дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот, склучен од премиерот Меј или со продолжување на периодот за спроведување на член 50 од Лисабонскиот договор, кој ја формираше ЕУ.