(ФОТО) Многу повредени а има и жртви во сообраќајката на автопатот кон Тетово

0
392

Во автобуската несреќа интервенирано со 11 возила од Брза помош, се приклучуваат и од другите градови

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, потврдија од Здравствен дом Скопје.

Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума.

Инаку станува збор за автобус на компанијата Дурмо Турс.

На местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и тие се пренесуваат кон болницата „8 Септември“ и Ургентен центар на Клинички. Од таму велат дека се екипирани и подготвени, но засега не можат да кажат со какви повреди се патниците, бидејќи уште ги носат.

Група граѓани го опколија превртениот автобус и се обидоа да го поместат, за да им се помогне на патниците, но откако не испеаја на терен пристигнаа и градежни машини.

Повредените патници се пренесени на скопските клиники.

Од МВР најавија повеќе информации за повредени или евентуални жртви за подоцна.