После синоќешната несреќа, Скопјани од денес започнуваат со големо хумано дело.

Преку Фејсбук им се обратија на најблиските на повредените дека, им стојат на располагање за превоз, сместување, храна, и други потреби, онолку колку им е потребно.

Секоја чест за ваквите луѓе кои се спремни да на човекот му пружат помош кога најмногу му е потребна, бидејќи добриот човекот се познава по хуманоста во себе, а хуманоста се познава по делата.