Македонски државјанин криел дрога во подарок за својата девојка во Италија

0
298

Полицијата во италијанскиот град Џенова, фатила македонски државјанин со 300 грама хашиш кој, интересно, го сокрил во подарок кој планирал да и го даде на својата девојка.

25-годишниот државјанин на нашата земја, со полициско досие, бил сопрен додека чека автобус. При претресот кај него бил пронајден подарокот, за кој кажал дека е за неговата девојка.

Но, по проверката, било констатирано дека има 300 грама хашиш сокриена во три пакетчиња. Лицето било веднаш лишено од слобода. Инцидентот го потврди и италијанската полиција во изјава за порталот „Genovatoday“.