ТОП ВЕСТ: Турцијa во октомври започнува со распоредување на руските системи С-400

0

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека во октомври оваа година, Турција на својата територија ќе започне да ги распоредува руските против-авионски системи С-400, објави агенцијата Андолу.

Во моментов се одвива процесот на проучување на најповолни турски региони во кои ќе биде распореден S-400, изјавил Акар. “Ние мораме да штитиме заштитиме и 82 милиони наши граѓани”, изјавил турскиот министер за одбрана.

Покрај тоа, тој изјавил дека, Анкара има намера да работи на заедничко производство на анти-ракетни системи, предавање на технологии и во иднина самата да ги произведува. Ова е неопходно бидејќи Турција “од средината на 90-те се наоѓа “под закана од воздушни напади”.

Потсетуваме: вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека договорот со Русија за испорака на системот С-400 е “завршена работа” а како одговор на критиките и притисоците на САД изјави дека “чекори назад не може да има” при што не исклучи дека Анкара и Москва, да започнат разговори и за испораката на следните генерации на овие системи, чиЕ тестирање во Русија трае, а тоа е системот С-500.