Денес повторно запалена трска во Струга

0

(Дубаи-Портал) Поголема површина со tрска денес попладне повторно гореше саат време на потегот на излезот од Струга во правец на селото Калишта.Според кажувањата на локалните жители горела површина во должина од околу еден километар.

Трската беше запалена и минатиот месец во неколку наврати во Струга, по што реагираа бројни еколошки организации кои изразија сомнежи дека трската се пали намерно на местата кои подоцна е планирана изградба на угостителски објекти.

“Од Охрид СОС тогаш кажаа дека максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.
Не се знае кој узурпира, кој гради, на колку места ојект исе изградени непосредно до езерото, се паркираат возила, се оградува со жица. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата и на појасот трска. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еде поволен момент за овие узурпатори”, велад од Охрид СОС.

До надлежните беа испратени апели да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел.

Mahir Demişoski

 

<iframe width=”1095″ height=”616″ src=”https://www.youtube.com/embed/HvD-h0Xx9kk” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>