Жена патник го врати авионот да си го земе бебето заборавено на аеродромот

0

Авионот, кој летал од саудискиот град Џеда кон Куала Лумпур, главниот град на Малезија, се врати назад во Џеда, поради тоа што жена патник кажала дека на аеродромот го заборавила своето бебе

(Дубаи – Портал) – Авионот, кој летал од саудискиот град Џеда кон Куала Лумпур, главниот град на Малезија, се врати назад во Џеда, поради тоа што жена патник кажала дека на аеродромот го заборавила своето бебе, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во видео поставено на видеоканалот „Јутјуб“ („YouTube“), може да се види како пилотот на авионот кој лета кон Куала Лумпур, контактира со Центарот за контрола на летање во Џеда, и бара да слета назад.

Според информациите во малезиските медиуми, пилотот во видеото до Контролниот центар се обраќа со зборовите: „Патник го заборави бебето во чекалната. Може ли да слетаме назад?“

Одговорното лице во Контролниот центар, изненадено од ситуацијата, одговара: „Ве разбрав, може да се вратите. Првпат слушаме вакво нешто.“
По кратко летање авионот се врати на аеродромот „Крал Абдул Азиз“ во Џеда.

Нема информаци за тоа како жената го заборавила своето бебе на аеродромот.

Видеото од дијалогот меѓу пилотот и одговорното лице во Контролниот центар, на „Јутјуб“ досега има 50.000 прегледи.

Mahir Demiioski