ОН: За 48 часа во Јемен животот го загубија 22 лица

0

Лисе Гранде, координаторка за хуманитарни работи на ОН во Јемен, го осуди овој напад и рече дека е ужасно и непотребно и понатаму да гинат цивили во една криза за која може да се најде решение

(Дубаи – Портал) – Обединетите нации (ОН) соопштија дека во последните 48 часа загинале 22 лица, меѓу кои 12 деца во нападите извршени во јеменската покраина Хаџа, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во последните 48 часа загинаа 22 лица, од кои 12 деца во нападите извршени во покраината Хаџа“, се наведува во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош.

Во соопштението се вели дека во овие напади биле повредени 30 лица, од кои повредените деца биле пренесени во болниците во Сана за лекување.

Лисе Гранде, координаторка за хуманитарни работи на ОН во Јемен, го осуди овој напад и рече дека е ужасно и непотребно и понатаму да гинат цивили во една криза за која може да се најде решение.

Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност.

Хусите од септември 2014 година го зазедоа главниот град на Јемен, Сана, како и одредени околни подрачја.

Коалициските сили, под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.

Илјадници лица загинаа во судирите кои траат веќе четири години во Јемен.

Хуманитарната криза во Јемен, која е меѓу најсиромашните земји во светот, е зголемена, и достигна големи размери.

Според ОН, во Јемен, земјата во која се случува една од најголемите хуманитарни кризи во светот, 10 милиони лица кои сочинуваат половина од населението на земјата, се соочуваат со ризик од сиромаштија. Во земјата се наоѓаат над 22 милиони лица кои имаат потреба од хуманитарна помош и заштита.

Во земјата секојдневно се зголемува бројот на заболените од епидемии, пред сѐ од колера, предизвикани од различни причини како немање пристап до чиста вода, недоволна исхрана и недостиг на лекови.

Mahir Demişoski