Израел планира да гради 23.000 станбени единици во Источен Ерусалим

0
37

„Потпишавме договор за градење на нови 23.000 станбени единици во Ерусалим со инвестиција од една милијарда шекели (околу 276 милиони долари)“, напиша Нетанјаху на својот профил на социјалните мрежи.

(Дубаи – Портал) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека во наредните пет години ќе се градат нови 23.000 станбени градби во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Anadolu Agency (AA).

„Потпишавме договор за градење на нови 23.000 станбени единици во Ерусалим со инвестиција од една милијарда шекели (околу 276 милиони долари)“, напиша Нетанјаху на својот профил на социјалните мрежи.

Нетанјаху истакна дека Ерусалим засекогаш бил главен град на Израел.

Израелската телевизија „Kanal 7“, соопшти дека овој договор е потпишан меѓу Министерството за финансии на оваа земја, Управата на израелските територии и Општина Ерусалим, во присуство на Нетанјаху.

Според соопштеното, ќе се развијат населбите во стариот и новиот дел на Ерусалим и ќе се обезбедат инвестиции за инфраструктурата, како и големи зони, со цел да се претворат во деловни простории.

Источниот дел на Ерусалим беше окупиран од страна на Израел во 1967 година, а во 1981 година го анектираше целиот град, потег кој никогаш не беше признат од меѓународната заедница.

Mahir Demişoski