Австралија ги запре летовите на авионите „Боинг 737 Макс 8“

0

Одлуката за забрана на полетување и слетување на авионите „Боинг 737 Макс 8“, била донесена по падот на авионот во Етиопија, во кој животот го загубија 157 лица.

(Дубаи – Портал)  Бирото за безбедност на Цивилната авијација на Австралија (CASA) соопшти дека се запрени летовите на кои се користи авионот „Боинг 737 Макс 8“ („Boeing 737 Max 8“), пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Бирото истакнуваат дека одлуката за забрана на полетување и слетување на авионите „Боинг 737 Макс 8“, била донесена по падот на авионот во Етиопија, во кој животот го загубија 157 лица.

Се наведува и дека авиокомпаниите во Австралија во својот возен парк ги немаат овие авиони, но дека „Силк ер“ („SilkAir“), со седиште во Сингапур и „Фиџи ервејс“ („Fiji Airways“), со овие авиони превезуваат патници кон Австралија.

„Силк ер“ ги прекина летовите на „Боинг 737 Макс 8“, а одлуката за привремено прекинување ќе се одрази и на летовите на „Фиџи ервејс“.

Вкупно 157 патници и членови на екипажот загинаа во неделата во авионската несреќа што се случи во близина на Адис Абеба. Авионот „Боинг 737-8“ на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ се урна кратко по полетувањето од Адис Абеба кон Најроби.

Mahir Demişoski