„Оваа одлука е донесена како резултат на влошувањето на ситуацијата во Венецуела, додека присуството на дипломатскиот персонал на Амбасадата на САД се одразува на политиката на САД“

(Дубаи – Портал) – Администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) оваа недела ќе го повлече целиот персонал на американската Амбасада во Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, преку социјалните медиуми соопшти: „САД оваа недела ќе го повлечат целиот персонал на Амбасадата на САД во Венецуела. Оваа одлука е донесена како резултат на влошувањето на ситуацијата во Венецуела, додека присуството на дипломатскиот персонал на Амбасадата на САД се одразува на тоа да биде ограничена политиката на САД.“

Американскиот Стејт департмент во јануари соопшти дека издал наредба второстепениот персонал во Амбасадата на САД во Венецуела да ја напушти земјата, но исто така објави дека првостепениот персонал ќе продолжи со работа.

Наредбата е дадена бидејќи е тешко да се осигура безбедноста на околу 150 вработени во дипломатските мисии на САД во Венецуела. И покрај тоа, беше наведено дека Амбасадата на САД во главниот град Каракас ќе продолжи да работи.

Mahir Demişoski