Според опозицискиот Центар за набљудување, воздушниот напад бил изведен од страна на руските авиони, а при нападот двајца цивили ги загубиле своите животи, додека 19 деца се повредени.

(Дубаи – Портал) – Извршен е воздушен напад во камп во источниот дел на областа Серакиб, во рамките на зоната без судири во сириски Идлиб, каде што престојуваат цивили кои избегале од судирите, јавува Anadolu Agency (AA).

Според опозицискиот Центар за набљудување, воздушниот напад бил изведен од страна на руските авиони, а при нападот двајца цивили ги загубиле своите животи, додека 19 деца се повредени.

И извори од Цивилната одбрана (Бели шлемови) соопштија дека во раните утрински часови, изведен е воздушен напад врз цивилниот камп кој се наоѓа околу селото Кефер Амим, во југоисточниот дел на Идлиб, во кој загинале двајца цивили, а ранети биле 19 деца.

Во соопштението од опозицискиот Центар за набљудување споделено преку социјалните медиуми се истакнува: „Руските воени авиони од типот „SU 34“, полетувајќи од воената база „Химејмим“, од полноќ до 04:00 часот изведуваа воздушни напади.“

– Режимот продолжува со нападите –

Режимот на Башар ал Асад минатата ноќ продолжи со нападите со бомби со бел фосфор, којшто се забранети, во Теманије. Нападите продолжија до утринските часови.

Режимот, исто така, изведе копнени напади врз населените места Хирејтан, Анадан и Кефер Хамра, западно од Алепо.

Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, кршејќи го договорот од Сочи, од почетокот на оваа година изведуваат воздушни и копнени напади во зоната без судири во Идлиб, во кои загинаа најмалку 126 цивили, а 380 се повредени.

Режимските сили, и покрај договорот од Сочи за прекин на огнот во Идлиб, потпишан меѓу Турција и Русија, во одредени интервали продолжуваат со нападите. Според договорот во Астана, Русија, која е гарант за режимот на Асад, има обврска да ги спречи нападите на режимот.

Опозициските воени структури, на 10 октомври 2018 година, го повлекоа своето тешко оружје од регионот, што беше предвидено со договорот потпишан на 17 септември 2018 година.

Mahir Demisoski