(Дубаи – Портал) Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.Н.(38) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „присилба“.
На 18-ти февруари оваа година, во просториите на општина Струга, пријавениот, упатил закани кон Н.В.Г.(44) од Струга, директор на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, поради одбиено барање за земање на простор под закуп во центарот за култура.

Mahir Demisoski

Портпарол на СВР Охрид
м-р Стефан Димоски