Преку бомбите, СЈО во трагите на нарачателите на „Монструм“

0

(Дубаи – Портал) Адвокатот на шестмината осудени па одново обвинети во повторениот процес за петкратното убиство кај Смилковоското езеро се надева дека за 2 до 3 недели специјалната обвинителка Фатиме Фетаи ќе ги презентира прислушуваните аудио снимки за „Монструм“ и ќе се дознаат нарачателите, но и како што вели вистинските убијци на четирите момчиња и рибарот.

Засега се претпоставува дека постои огромен материјал во кои се споменува овој кривичен настан. Го најави, па одбегна да го емитува јавно тогашениот лидер на опозицијата Зоран Заев, па им го предаде заедно со останатите снимки на Специјалното јавно обвинителство. Обвинителката Фетаи најави нови докази, но откако СЈО го превзема предметот од јавното обвинителство сеуште ги нема доставено до новиот Судечки совет. Зад затворени врати на јавноста со недели се слушаат разговорите снимани од тајната полиција во 2012-тата. Адвокатите на обвинетите, и на оштетените со спротиставени заклучоци дали постојат нови моменти.

Сеуште останува отворено прашањето дали Фетаи ќе успее навреме да ги активира бомбите бидејќи Врховниот суд веќе донесе одлука да се запрат предметите отворени по истекот на рокот на СЈО. Судбината на јавното обвинителство кое со највениот закон сега чека зелено светло од политичките партии, пак, овој процес одново да го вративо организиран криминал како што се планира со идните законски измени. По, втор пат им се суди за тероризам на Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири, Сами Љута, додека и по 6 години од грозоморните убиства со потерница, и две барања за екстрадиција во Косово се кријат Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Mahir Demişoski