Сириската мрежа истакнува дека се заробени над 3.980 хуманитарни работници од страна на различни групи во Сирија, нагласувајќи дека хуманитарците се цел уште од првиот ден од војната.

(Дубаи – Портал) – Во текот на осумгодишната војна во Сирија убиени се 1.109 хуманитарци, покажува Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што се наведува, на подрачјата каде што делуваат хуманитарните организации убивани се и вработените кои работат во помагање на цивилите во воените подрачја.

Само во нападите на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад убиени се над 870 хуманитарци.

Сириската мрежа истакнува дека се заробени над 3.980 хуманитарни работници од страна на различни групи во Сирија, нагласувајќи дека хуманитарците се цел уште од првиот ден од војната.

„Режимските сили од март 2011 година како цели ги имаат и хуманитарците кои им помагаат на повредените на теренот, болниците, лекарите …“, се вели во извештајот што го опфаќа периодот од март 2011 до март оваа година.

Исто така, во извештајот е објавен и податокот дека се изведени 1.463 напади врз центри во коишто се дели хуманитарна помош.

Mahir Demişoski