Затворска казна за активистот кој направи лажен надгробен споменик за Путин

0

(Дубаи – Портал) Активистот Карим Јамадајев во паркот на градот Набережние Челни направи надгробен споменик на кој пишуваше „Владимир Путин 1952 – 2019“

Судот на градот Набережние Челни, активистот Карим Јамадајев кој направи лажен надгробен споменик за рускиот претседател Владимир Путин го осуди на казна затвор од 28 дена.

Рускиот активист Карим Јамадајев во знак на протест против измените во законот за интернет на Русија, во градот Набережние Челни направи лажен надгробен споменик за Путин.

Активистот во паркот на градот направи надгробен споменик на кој пишуваше „Владимир Путин 1952 – 2019“.

Активистот рече дека целта му била да го искаже својот револт против новиот закон за интернет на Русија потенцирајќи дека „Путин ги закопа нашите слободи“.

Руските власти, активистот Карим Јамадајев кому му се судеше за непочитување и ширење лажни информации го осудија на казна затвор од 28 дена.

Mahir Demişoski